Friday, May 29, 2009

My poems in Macedonian

ГОМБОЈАВИН МЕНД - ОЈО (МОНГОЛИЈА)

НЕБО И ЛАСТОВИЦИ



* * *
Фатаморгана во сината степа
како небесен град.
Моите предци засекогаш се во рајот
И само ластовиците висејќи над осамената степа
ме пречекуваат во татковата земја.
Густа сина магла го прекрива небото
Ластовиците осамени го покажуваат патот
со разиграните крилја.

МЕСЕЧИНА НАД СТАРИОТ ХРАМ



Месечината изгрева над стариот храм
Нејзината преобразена светлина ја позлатува нежноста.
Се разлева воздухот од бамбусовата флаута
Срцето е исполнето со далечна носталгија.

Диви треви растат меѓу камењата
Вдолж патот каде што се собрани Будите.
Но не можам да видам каде отишле тие
Светлината е толку силна од времето изминато.

Месечината изгрева над стариот храм
Нужната преобразена светлина свети во секое срце.
Бамбусовата флаута ме носи зад мојата тага
Ја повикува далечната светлина на Буда.

Сенката на храмот го покажува своето значење
Како зборови избледени во старо мастило.
Врз сенката од човечката тага
Нема светлина од свеќата на разумот.
Осветлената визија на Буда
Дури и во честичките на најситната прашина.

Постои небо во мелодијата на бамбусовата флаута
И месечината изгрева над стариот храм.

Препев: Трајан ПЕТРОВСКИ

No comments:

Post a Comment